Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас игра одлично во дресот на Наполи оваа сезона, иако најчесто е дел од ротацијата во составот на Лучијано Спалети. „Наполитанците“ итаат кон титулата во Серија А, а челниците на клуботс сакаат да го задржат тимот и за следната сезона.
Елмас има договор до јуни 2025 година, но вестите од Италија велат дека Наполи сака да му понуди нов договор со подобрени услови.
Македонецот во моментот заработува 1,5 милиони евра по сезона, а доколку се сложи на нов договор најверојатно оваа сума би била удвоена.
Најмногу понуди на адресата на Наполи доаѓаат за Виктор Осимен и за Квича Кварацкелија.