Парламентот на Етиопија денеска го отстрани Народниот фронт за ослободување на Тиграј (ТПЛФ) од листата на терористички групи во земјата.
Етиопскиот државен радиодифузен сервис EBC објави дека мнозинството од 547 пратеници во Етиопија гласале за отстранување од листата, само 61 биле против, а петмина биле воздржани.
Етиопската влада и ТПЛФ потпишаа мировен договор во Јужна Африка во ноември 2022 година, со кој ставија крај на двегодишната граѓанска војна и блокадата на северниот етиопски регион Тиграј.
ОН проценуваат дека само во Тиграј половина милион луѓе ги загубиле животите за време на конфликтот.
ТПЛФ беше ставен на листата на терористички групи на источноафриканската земја во мај 2021 година по избувнувањето на конфликтот, заедно со друга бунтовничка група, Ослободителната војска на Оромо.