-Граѓаните гледаат дека поради нивната неспособност и лошите економски мерки над 6.000 компании згаснаа, а над 60 илјади работници останаа без работа. Дополнително уште толку граѓани на Македонија не земаат редовни плати, велат од партијата и додаваат:
„Од најавените средства со кои владата се фали, едвај половина завршиле кај граѓаните и кај стопанството, ама затоа кај непродуктивните трошоци, матните тендери и дебелите хонорари реализацијата е потполна.
Народот галопирачки осиромашува додека власта се богати. Затоа имаме состојба во која премиерот јаде со златни лажици додека илјадници семејства едвај врзуваат крај со крај во месецот“.