Според членот пет од основачкиот договор на НАТО напад врз кој било од 30-те сојузници ќе се смета за напад врз сите нив.

– На овој Самит ќе ставиме до знаење дека, се разбира, секој напад врз вселенските можности, како што се сателити и слично или вселенски напади, може да го активира член пет, истакна Столтенберг, неколку часа пред да претседава со Самитот.

Скоро 2.000 сателити кружат околу Земјата, а повеќе од половина се управувани од земјите-членките на НАТО. Воените команданти се потпираат на некои од нив за навигација, комуникација и размена на разузнавачки информации. Многу земји-членки се загрижени за, како што истакна, од се поагресивното однесување на Кина и Русија во Вселената.

Околу 80 земји имаат сателити, а се повеќе приватни компании се појавуваат на тоа поле. Во 80-тите години од минатиот век, само дел од комуникациите на НАТО се одвиваа преку сателит, а денес тие се најмалку 40 проценти.

Клаузулата за колективна одбрана на НАТО беше активирана само еднаш, кога членките застанаа зад САД по нападите на 11 септември 2001 година.