Како што информира владината Прес-служба, согласно оваа Одлука, подготвителниот натпревар на нашата фудбалската репрезентација со Словенија, кој треба да се одржи на 1 јуни на Градскиот стадион во Скопје ќе се одигра во присуство на 30 проценти исполнетост со публика од капацитетот на трибините.
– За дополнителни олеснувања за другите натпревари ќе се разговара на следната седница на Влада, се додава во соопштението.