Првото медицинско испитување во светот во кое е дозволено намерно изложување на испитаниците на корона вирусот бара доброволци со цел развој на подобри вакцини. Истражувањето на Универзитетот Оксфорд почна минатиот април, три месеци откако Британија стана првата земја во светот која одобри испитување на КОВИД-19 на луѓе.

Првата фаза, која уште е во тек, е фокусирана на откривање на количината на вирусот која е потребна за предизвикување на инфекција, додека втората фаза ќе има за цел да одреди каков имунолошки одговор е потребен за да се спречи заразата.

Научниците се блиску до утврдување на најслабата можна инфекција со вирусот која кај околу половина од луѓето кои се изложени на него ќе предизвика асимптоматски и благ КОВИД-19. Потоа планираат да изложат доброволци, кои биле претходно заразени или се вакцинирани, на таа доза од изворниот сој на вирусот за да утврдат кои нивоа на антителата и на имунолошките т-клетки се потребни за спречување на инфекцијата.

Резултатите од истражувањето ќе помогнат идниот развој на вакцините да биде многу побрз и поефикасен.