Девојче од Русија преживеа пад од 22 кат. Страшната несреќа се случила во петокот во Москва, а детето паднало под се уште неутврдени околности.

Таа е итно префрлена во болница, каде лекарите ја следат нејзината состојба, јавуваат руските медиуми.

15-годишното девојче наводно паднало на големо количество снег, што значително го ублажило нејзиниот пад.