Во нивниот труд, кој е објавен во Напредок за микробиологијата, научниците анализираат слики направени од роверите на НАСА „Опортунити“ и „Љубопитност“, плус камерата „ХиРИСЕ“ на Марс. Предметите за кои станува збор покажуваат „примероци од сферична форма во облик на креда во бела боја“, за што тимот на Марс „Опортунити“ првично рече дека е минерал наречен „хематит“.

Подоцнежните студии го побија тврдењето за хематит. Наскоро, некои научници го смислија изразот „Марсовски печурки“ за да ги опишат мистериозните предмети, заради тоа што личат на лишаи и печурки, додека во друга студија, експерти за габи и лишаи ги класифицираа сферите како „надуена“ – бела, сферична габа што припаѓа на вирусот Базидиомикота пронајден на Земјата.

Во новиот труд, научниците посочуваат на неколкуте фотографии од „Опортунити“, на кои се гледа како девет сфери се зголемуваат во обем, а дополнителни 12 сфери се појавуваат од под почвата, во текот на 3-дневно следење..

-Многу од овие сферични примероци на површината од тлото имаат и стебленца или имаат пролеано делови од нивните надворешни мембрани – веројатно кора, се вели во извештајот.

Присуството на овие периферни делови е важно, велат научниците, бидејќи им помага во случајот дека тоа што го гледаат навистина да е габа, наместо едноставно некои сферични карпи. Додаваат дека малите печурки презрејуваат за околу еден ден, додека големите печурки траат до 4 дена.

Но, ако навистина има печурки на Марс, што би значело тоа во иднина кога луѓето се надеваат дека ќе се населат на Црвената планета?
Научниците велат дека многу габи на Земјата се исто така екстремофили – што значи организми кои можат да напредуваат во услови што се сметаат за „екстремни“ во однос на вообичаените организми.

-Значи, да се најдат печурки на Марс е можеби помалку изненадувачки отколку што мислиме, велат научниците