Истражување објавено во Nature се однесува на испитување на реакциите на имунитетот откако ќе мине одреден период од заразување со вирусот.
Со обѕир на комплексноста на истражувањето, научниците прво утврдиле дека постојат така наречени столбови на одбрана на организмот од коронавирусот.
-Постои консензус дека двата главни столба на антивирусниот одговор се Т-клетките кои можат селективно да елиминираат заразени клетки и вид антитела кои спречуваат вирусот да ги зарази клетките. Третиот столб на ефикасен имунолошки одговор би можела да биде генерацијата на Т помошни клети кои се специфични за вирусот и ја координираат имунолошката реакција, се наведува во истражувањето.
Тоа е пресудно за создавање имунолошка меморија на организмот.
-Имунолошката меморија е посебен аспект на имунолошкиот систем. Во мемориската фаза на имунолошкиот одговор, Б клетките и Т клетките се специфични за вирусот и се во состојба на мирување, но се подготвени за акција ако повторно се сретнат со вирусот или вакцината, пишува Nature.
Се наведува дек Б клетките имаат двојна улога во организмот, произведуваат антитела коишто можат да ги препознаат вирусните протеини и теловите на тие протеини можат да претстават одредени Т клетки или да се развијат во плазма клетки кои во голема количина ќе излачуваат антитела .Мемориските плазма клетки можат да се одржуваат со децении, ако не и целиот живот, во коскената срж, објаснуваат научниците во студијата.
На крајот од студијата, научниците објаснуваат дека имунитетот уште повеќе е засилен кај луѓето кои се вакцинирани една година по прележан коронавирус.