И покрај предупредувањата, четворицата научници велат дека сојузната Влада не се обидела да наметне нови ограничувања со цел да се сопре ширењето на вирусот. Набрзо потоа, милиони луѓе присуствувале на големи фестивали и политички собири ширум државата.
Сето ова резултираше со „експлозија“ на растот на новозаразени во Индија. Само во текот на последните 24 часа во земјата се регистрирани 401,993 нови случаи на коронавирус, а како последица на вирусот починаа 3,523 лица.
Експертите веруваат дека реалните бројки се далеку поголеми затоа што не се води точна евиденција во сите краеви на државата.
Индиската мутација на коронавирусот се рашири во најмалку 17 земји ширум светот, вклучувајќи ја Велика Британија, Швајцарија и Иран.