Навални (44) бил прегледан во градот Владимир источно од Москва, напиша на Твитер шефот на неговиот кабинет Леонид Волков.

– Извршени се бројни прегледи, информира Волков.

Резултати не се соопштени.

Главниот опозициски лидер во Русија, кој преживеа обид за атентат минатата година, во моментов отслужува повеќегодишна затворска казна во работнички логор надвор од Москва. Тој неодамна се жалеше на силни болки во грбот и парализа на рацете и нозете.