Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални бил пренесен во болница поради можна респираторна болест и бил тестиран за коронавирус, јави весникот Известија, повикувајќи се на затворската служба.

Навални претходно изјави дека има треска и силна кашлица и оти тројца од 15-те затвореници во неговото одделение се лекуваат во болница од туберкулоза.

Еден од најистакнатите критичари на рускиот претседател Владимир Путин минатата недела објави дека почнува штрајк со глад.

Навални (44) исто така тврди дека управата во затворот не му обезбедила соодветна медицинска нега за акутни болки во грбот и нозете.