На месечно ниво, има пад на вкупните депозити за 0,8 проценти поради намалувањето на депозитите на корпоративниот сектор за 2,8 проценти и растот на депозитите кај домаќинствата за 0,5 проценти.
Според податоците што ги објави централната банка, забележано е зголемено кредитирање и на месечно и на годишно ниво кај двата сектора, но со поголем обем кај домаќинствата. Кај корпоративниот сектор се бележи нагорна промена и на годишно и на месечно ниво за 4,8 проценти и 0,6 проценти, а кај домаќинствата за 7,5 проценти и 0,8 проценти. Растот во поголем дел произлегува од кредитите одобрени во денари.
Најголем раст е забележан кај потрошувачките и станбените кредити, додека кај автомобилските кредити има месечно зголемување од 2,4 проценти, а на годишна основа продолжува трендот на намалување. Кредитите одобрени на кредитни картички бележат и месечно и годишно намалување.