Вашингтон и Техеран покажуваат подготвеност за обновување на преговорите, а Меѓународната агенција за атомска енергија е подготвена да го поддржи тој процес. Генералниот директор на ИАЕА, Рафаел Гроси, оцени дека продолжувањето на дијалогот е неопходно и дека треба да се случи што е можно поскоро.
Во интервју за РИА Новости, Гроси изјави дека забележува желба и кај Соединетите Американски Држави и кај Иран повторно да седнат на преговарачката маса.
„Чувствувам желба да се вратиме на преговарачката маса и ИАЕА ќе биде подготвена да го поддржи тоа, како што правеше и претходно“, изјави Гроси.
САД и Иран во моментов одржуваат индиректни контакти со посредство на Катар. Во рамките на процесот, посредниците спроведуваат одделни консултации со американската и со иранската страна.
Меѓу главните теми на разговорите е изменетата верзија на седумточковниот план што го предложи Техеран за повторно отворање на Ормускиот Теснец.
Иранската нуклеарна програма и натаму останува едно од клучните прашања во евентуалното продолжување на дијалогот меѓу Вашингтон и Техеран.
