Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета во општина Битола, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изградбата за клинички центар посочи дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму останува непроменет, додавајќи дека треба да престанат да се лажат дека ВМРО-ДПМНЕ воопшто би поддржало такво нешто коешто е на штета на граѓаните.

Јас сум го кажувал нашиот став и ќе го повториме и тој став има константа и е непроменет, ако некој мисли дека ќе потроши најмалку половина милијарда пари на граѓаните преку три страни предлог закон за измени за законот за јавни набавки со којшто ќе му се овозможи на премиерот на најкорумпираната Влада во Европа во непосредна спогодба во 4 очи да го потпише тој закон со некоја фирма, не е битно која и дека ВМРО-ДПМНЕ за тоа ќе се сложи, се лажат и ако мисли дека како советник на министерот во минатото се согласил на клинички центар Мајка Тереза, а сега како министер е за ваков проект дека ќе направи пресврт во јавното мислење, мислам дека се лажат. Би ги советувал да не се препелка затоа што не само што губи политички поени туку губи и како човек, како доктор, затоа што и дел за жал од најкорумпираната и најкриминалната влада во Европа, истакна тој.

Мицкоски е дециден, нагласувајќи дека нема да поддржи проект од три страни кој што ќе ги чини граѓаните најмалку два до три пати повеќе, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ поддржува изградба на Клинички центар но само со дисперзиран проект направен преку транспарентна методологија и постапка која што ќе биде на увид на граѓаните, а не ваков каков што власта се обидува да го изгради.

Ние велиме, вака нема да ви дозволиме со 3 страни предлог закон кој ќе го измени законот за јавни набавки да потрошите најмалку половина милијарда пари на граѓаните со спогодба во четири очи, нема да ви дозволиме да потрошите најмалку два до три пати повеќе пари на граѓаните за нешто што може да чини два ипол до три пати. Во ред, ве разбирам крадете многу, многу лажете, не ве бива да реализирате проекти ги разбирам овие од владата, сето тоа можам да го разберам а граѓаните на избори ќе го кажат последниот збор, но наша задача и обврска како опозиција тоа што можеме да го преземеме и да ги одбраниме интересите на граѓаните да го направиме тоа, дециден е Мицкоски и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ поддржува изградба на Клинички центар но само со дисперзиран проект, направен преку транспарентна методологија и постапка која што ќе биде на увид на граѓаните.

Ние велиме да, за клинички , апсолутно да, да за дисперзиран проект за клинички, апсолутно да, два ипол пати поевтино апсолутно да, но да го направиме како што треба со транспарентна методологија и постапка која што ќе биде на увид на граѓаните, така е во нормални држави и така нормално треба да постапува влада, за жал оваа наша нормалност којашто оваа влада ни ја рефлектира е се само не е нормалност. Не може јас да се сложам како човек како граѓанин да ве убедам вас дека на 3 листа хартија треба да дадете ваши половина милијарда евра за да некој во четири очи ги потпише. Дали вие ми давате тоа право да го направам, јас го немам тоа право затоа што сум разговарал со многу граѓани и велат немојте тоа да го дозволите тоа е криминал на независноста тоа не е криминал на годината, тоа е криминал на независноста во овие 30 години, рече Мицкоски.