ДУИ со етнички теми го прикрива стравот од загуба на поддршката
ДУИ продолжува со експлоатација на етнички теми за да го дефокусира вниманието од скандалите и намалената поддршка, која дополнително е разнишана со бегството на Артан Груби и имињата на нивни функционери на американската „црна листа“. Оваа реторика е одраз на стравот од губење на позицијата на партијата меѓу Албанците, особено пред претстојните локални избори, но и страв од понатамошни удари од меѓународниот фактор.
Ахмети: Ураган или прикривање на слабостите?
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека неговата партија е „ураган“ и дека нема да дозволи Македонците да бидат „аги“, а Албанците „слуги“. Но, ваквите изјави, полни со етничка реторика, се во спротивност со политичката реалност.
Османи тврди дека единствениот легитимен претставник на Албанците е ДУИ, додека заборава дека во коалицијата „Европски фронт“ учествуваат ромски, турски и бошњачки партии, за разлика од ВЛЕН, кој е чисто албанска коалиција.
Почитуван Османи, дали сте Албанска партија и зборувате за легитимитет меѓу Албанците, мултикултурна партија и легитимитет кај сите малцинства или една криминална партија со легитимитет кај криминалните структури?
Бегството на Артан Груби како симбол на падот на поддршката
Скандалот со Артан Груби, кој заврши на „црната листа“ на САД, сериозно го загрозува рејтингот на ДУИ. Локалните избори ќе бидат вистински тест за поддршката на партијата, но прашањето е дали ДУИ има храброст да излезе самостојно, без поддршка од други партии.
ДУИ треба да ја покаже својата вистинска сила како чисто албанска коалиција, заедно со Села и Тачи доколку имаат храброст за таков настап.
Политика на конфликти за прикривање на криминалот
ДУИ постојано ги користи етничките тензии за да го дефокусира вниманието од криминалните активности кои ги обележаа нивните долги години на власт. Наместо да научат од „шамарите“ кои им ги зададе САД со поставувањето на функционери на црната листа, партијата продолжува со реторика што ја поларизира јавноста.
Очигледно е дека ваквото однесување е обид да се прикрие стравот од идни имиња кои би можеле да се најдат на новите црни листи.
Османи и анкети: Обвинувања и негирање на реалноста
Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, во интервју за „360 степени“ ги оспори резултатите од анкетите кои покажуваат пад на поддршката на ДУИ. Османи тврди дека анкетите се „наменски“ и дека неговата партија е во „огромна предност“.
Сепак, ваквите тврдења тешко ќе ја убедат јавноста, особено со оглед на фактот дека ВЛЕН ја зацврстува својата позиција како албанска политичка алтернатива.
Крахот на етничкиот легитимитет
ДУИ продолжува да инсистира на „етнички легитимитет“, иако заборава дека ваквите ставови се спротивни на мултиетничкиот карактер на коалицијата „Европски фронт“.
Политичките аналитичари предупредуваат дека ДУИ се движи кон самоуништување ако продолжи да ги игнорира пораките од САД и растечката недоверба на гласачите.
ДУИ со етничката реторика се обидува да го прикрие својот пад и да ги минимизира последиците од криминалните скандали. Но, претстојните локални избори ќе бидат вистинскиот тест за партијата, особено ако собере храброст да излезе како чисто албанска коалиција.
Останува прашањето дали ДУИ знае да прави било што друго освен да краде и да создава етнички тензии како димна завеса?