Пет години пуштавте бомби, правевте маршови, прес конференции, кажувавте дека се борите против корупција и криминал, се борите за правна држава и почитување на Устав и закони! Вистина е дека продолжи корупцијата, продолжи криминалот, продолжи местењето на тендери, продолжија партиски вработувања, имате каубојски убиства по државата, коментира на социјалната мрежа на Фејсбук универзитетскиот професор Самоил Малчески, на изјавите на лидерот на изјавите на лидерот на СДСМ Зоран Заев и други функционери дека „злото“ ни тропало на врата.

-Имаше избори во 2016! Изгубивте! Со игри формиравте Влада и ви се створи можност вистински да покажете за што се боревте!

Имаше избори во 2019! Со игри од бришач на прашина по кабинети направивте Претседател на Македонија!

Имаше избори во 2020! Бришачот на прашина ви прогласи вонредна состојба за да може да штанцате уредби и со тоа да ги компромотирате изборите и војлата на народот! Останавте на власт!

Имаше избори во 2021! Стигна фактурата!

Вистина е дека:

– продолжи корупцијата

– продолжи криминалот

– продолжи местењето на тендери

– продолжија партиски вработувања

– имате каубојски убиства по државата

– продолжи политичкото насилие во Собранието

– продолжи кршењето на Уставот и Законите

– продолжи корупцијата за време на кампања за избори/референдум

– се носат судски одлуки по диктат

– селективното спроведување на закони е пуштено на максимум

– нема реформи во ниедна област

– станавме нарко држава според многу извештаи на меѓународни институции

– со политичко насилие вршите експерименти врз нашите деца

– продолжува злоупотребата на институциите во партиски цели

– датум за преговори за ЕУ довиваме на секои 6 месеци

– ниту еден од вас не може да добие НАТО сертификат
итн. списокот на злодела е огромен!

Со други зборови продолживте да ја уништувате Македонија!

На крај лицемерно кажувате дека сте обезбедиле иднина! Не бе друштво си ги обезбедивте фотелјите за уште некое време, многу кратко!

Не сме ние зло, вие сте ЗЛО за Македонија!

Македонија има светла иднина ама без вас!

#ГлаватаГоре, пишува во својата објава Малчески.