Кога земја со 1,4 милијарди жители нагло ќе ја прекине речиси тригодишната „нула ковид“ политика, никој не се сомневаше што ќе се случи. Ниското ниво на имунизација заедно со слабиот природен имунитет доведоа до експлозија на нови случаи на Ковид-19 во Кина, која најави укинување и на рестрикциите за патување во странство.
Токму затоа, многу земји од западот, но и од нејзиното соседство воведоа задолжително тестирање на патниците кои пристигнуваат од Кина, а некои како Италија бараат и ПЦР тест и неколку дневна изолација при случај на позитивен тест.
Стравот од ново мутирање на вирусот е причината за овие мерки, иако и во Кина, како и во остатокот од светот изминатава година Омикрон и неговите подваријанти се доминантниот сој. Но, научниците предупредуваат дека има големи шанси вирусот повторно да мутира кога се шири вака неконтролирано.
Европските земји, освен Италија, не се премногу загрижени. Кај многу од нив податоците покажуваат дека стотици илјади заболуваат на неделна основа, но европската популација е добро заштитена со неколку дози на вакцини, како и цврстиот природниот имунитет создаден после неколку заболувања.