Кале културна тврдина или Кале бетонска тврдина ?!, прашува Нелоски.

Иако им е, како што вели, пред нос за жал како и за се друго властите во градот Скопје и владата се разбира дозволија како и за многу други нешта најпознатиот симбол на градот Скопје – Калето не само да стои на забот на времето туку и во самата тврдина да „никнуваат” марокански хотели!!

– Замислете во просторот на најголемото културно наследство на градот во 2020 за 1 година никнува огромно бетонско здание!!

Додека нашето Кале се уште го чека елаборатот за ревалоризација веќе 4 години, додека Петре вели го чекам Српче, Српче вели ја чекам Управата за заштита на културното наследство кои го чекаат Конзерваторски центар Скопје, мароканско-андалузиската архитектура не чека!, пишува Нелоски.

Кале културна тврдина или Кале бетонска тврдина ?!

Иако им е пред нос за жал како и за се друго властите во градот…

Posted by Владимир Нелоски on Friday, April 2, 2021

Тој посочува дека за само 3 години некој си изградил хотел (ни помалку ни повеќе) на сред КАЛЕ, а се разбира некој тоа и го дозволил, зошто тие треба да одговорат?!

– А скопјани што чекаат ??? Се разбира локалните избори во Октомври!!!

П.с. пеејќи ги басните за колку го сакате Скопје, заборавате со прст да мрднете за да го спречите сквернавењето на секој негов симбол!!, пишува Нелоски на „Фејсбук“.