Според него, очигледна е спрегата помеѓу власта и мафијата во државата.
-Во 2018-та година сите балкански медиуми дознаваат за српскиот нарко бос дека во Македонија добил патна исправа. Се работи за господинот Јован Вукотиќ. Кој има добиено патна исправа како Андонов Ѓорѓи. Сите дознаваат, власта дознава и започнува како некоја божем “истрага”. Ако навистина е започната истрага, тогаш како може дел од пратениците на СДСМ да се среќаваат со некои од тие криминалци. Зошто вашиот кандидат за пратеник Мунир Колашинац има слика со нарко босот Седат Пекир тогаш. Велат започната е истрага, а тој човек Колашинац сега е пратеник во Собранието. Платен од граѓаните на Република Македонија. На сликата е и Енес Ибрахим колаициониот партнер на СДСМ. Сликани со нарко бос за кој има десетици потерници, истакна Нелоски.
Според Нелоски, постои нелогичност да се повикуваат на распит шалтерски работници, а да не се повикаат пратениците кои биле во директен контакт со мафијашите и за тоа постојат фотографии.