Тој посочи дека додека објавуваат скандал со набавка на противпожарна скала од 1.7 милиони евра, двојно повеќе од таа во Загреб, замислете зетот на секретарот на Шилегов не стои ни минута во место, договорил и добил нов тендер од Радмила Шеќеринска.
-Мрзеливиот Шилегов во Град Скопје направил одлична крими шема за да се сработи набавката на противпожарната скала. Таткото на советничката од СДСМ, Михаела Иванова ја правел спецификацијата за набавка и го правел тендерот и тендерската документација за овој тендер од 1.7 милиони евра, ќерка му Михаела Иванова гласала на Советот, мрзеливиот апаш Шилегов потпишува, се разбира на крајот од денот зетот на секретарот на Градот Скопје преку фирмата „Армор плус“ ДОО набавува. Е сега, додека јавното обвинителство спие за овој предмет и се прави недоветно, се занимава единствено со заташкување на криминалот на власта, токму затоа ВМРО-ДПМНЕ во понеделник ќе поднесе кривична пријава за оваа јавна набавка, каде јасно се гледа дека се работи за крими шема и има основан сомнеж за тежок криминал. Кривичната пријава ќе ги опфати сите сегменти на основан сомнеж за криминал, од едноставна причина што јавното обвинителство сеуште спие и ја штити власта, нагласи Нелоски.
Замислете, скопјани вријат за овој криминал што го гледаат, фирмата на зетот на секретарот на Шилегов добил уште еден тендер од Радмила Шеќеринска. Министерството за одбрана извршило набавка на приближно милион евра за спортска опрема од фирмата АРМОР ПЛУС.
Мораме да потенцираме, со самиот сомнеж за оваа фирма за набавката на противпожарната скала, каде има основан сомнеж за криминал, секоја друга набавка која се случила треба да биде под сериозна ревизија, а такви набавки има многу, во вкупна вредност од над 4 милиони евра за 4 години. Некој сериозно се обогатил.
Дрскоста на Шеќеринска и Шилегов, фирмата АРМОР ПЛУС е само показател дека се одлепени од земја цело СДСМ, цела Влада и мислат дека државните пари се нивни пари.
Впрочем никогаш и не било поинаку кога биле СДСМ на власт.