– Кога некој човек на одредена средба и во увертирата има одреден став, видовме и на гостувања на телевизија како вели дека осудените за 27 април заслужуваат правда, дека не го сториле делото за кое се осудени, а потоа после средбата да рече дека тоа не го кажал, тоа говори за слабост Тој ја покажа својата слаба позиција како претседател и немање конкретен став, Го смени за десетина дена, а можеби за 5 дена ќе има нов став, потенцира Нелоски.
Тој истакна дека судскиот процес за 27 април се гледа од авион дека е монтиран и истиот се темели врз основа на човек кој 5 пати ги смени своите искази.
– Овој судски процес е политички судски процес. Ако во минатото сме имале случаеви кои се враќани на почеток поради една изјава на политичар, тогаш зошто да не и овој случај. Овие луѓе не бараат амнестија, бараат нормален неполитички процес во кој ќе си ја докажат невиноста по однос на ова обвинение, а тој кој се огрешил по други основи и самите викаат дека се спремни да одговараат, потенцираше Нелоски.