Како што вели Нелоски, додека Заев е вицкаст и ја замајува јавноста 3.500 животи се загубија.

-Заев и Филипче на совест ги носат сите заразени и починати од јануари до денес, тоа се луѓе кои доколку имаше навремено вакцина немаше да се заразат или нема да ги изгубат своите животи. Заев и Филипче мора да сфатат дека штета која им ја нанесоа на граѓаните и државата е непоправлива, и залудни се сите обиди за спас. Потребна е одговорност, а не изјави со обид за засмејување на народот, од типот еве сега сме сигурни барем дека вакцините се безбедни. Не Заев, сега сме сигурни дека сте неспособни и дека наместо здравјето на граѓаните, на прво место ги ставивте вашите провизии, рече Нелоски.

Тој додаде дека одговорност ќе има.

– Здравје, наместо провизии! Ве повикувам сите утре, сабота, со почеток од 11:30 часот пред министерството за здравство на протест против неспособните политики на Филипче кои не чинат животи. Се гледаме утре.

Инаку, утре градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе организира протест со почеток во 11.30 часот пред министерството за здравство.