Нелоски потенцираше дека Вардар е во лоша финансиска и играчка ситуација, но дека за тоа мора да се изнајде начин преку кој ќе се стабилизира финансиската состојба и ќе се вложи во играчите на Вардар.
Тој додава дека Самсоненко треба да помогне во спасувањето на клубот преку отстапување на терените од Академијата на Вардар бесплатно, а со тоа да се акумулираат средства кои ќе се пренаменат за други тековни трошоци.
-Самсоненко и Шилегов треба да седнат и да се договорат на каков начин да помогнат на клубот и да ги прецизираат чекорите кои ќе се превземат. Наместо бегање од проблемот, Самсоненко и Шилегов треба да покажат емпатија кон македонскиот бренд и да се заложат за негово повторно издигнување, заврши Нелоски.