На територијата на државата до 13 часот нема активни пожари, информира Центарот за управување со кризи. Еден пожар е ставен под контрола, а два се целосно изгаснати.
Под контрола е пожарот на градската депонија во Штип. Изгаснати се пожарите кај селото Уларци во Општина Чешиново-Облешево и меѓу селата Дедели и Собри во Општина Валандово.
