Центарот за управување со кризи информира дека до 18 часот денеска регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои активни нема, под контрола нема, а изгаснати се 9 пожари.

-Изгаснати се девет пожари – Општина Гази Баба: с. Брњарци (ниска вегетација и ѓубре); Општина Бутел: с. Љуботен (ниска вегетација и ѓубре); Општина Струмица: с. Просениково (ѓубре); Општина Старо Нагоричане: с. Старо Нагоричане (ниска вегетација); Општина Крива Паланка: м.в. Думачка Маала (ниска вегетација и багреми); Општина Куманово: с. Лопате (ниска вегетација и стрниште); Општина Боговиње: кај патарината кон Гостивар (ниска вегетација); Општина Желино: с. Лешница (ниска вегетација); Општина Кривогаштани: с. Обршани (депонија). инфомира ЦУК.