„Нема да имаме енергетска криза“

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема место за страв од нова енергетска криза и недостиг на гас во државата, и покрај санкциите што ги воведоа САД и ЕУ кон Русија. Тој увери дека Владата е подготвена и превзема мерки за да не дојде до прекин во снабдувањето.

Мицкоски: „Нема да има прекини, топланите ќе продолжат да работат“

„Не, нема да има. Подготвени сме и ова одамна го антиципиравме. Дури и кога имаше ремонтни активности на гасоводот што ги потпишала претходната влада, не останавме без гас – топланите работеа“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека Владата ги следи сите тековни процеси и не смета дека јавноста треба да се оптоварува со „такви ситници“. Тој заклучи дека нема да имаме енергетска криза.

Посета на ГОБ „8 Септември“

Мицкоски, во придружба на министерот за здравство Азир Алиу, денеска ја посети Градската општа болница „8 Септември“, каде што беше промовирана нова медицинска опрема – хипербарна комора за лекување на хронични рани, изгореници и за третман на спортисти.

Извор: Курир