-Обвинителството не презентираше било каков доказ и сведок за било каква комуникација, било какво договарање помеѓу Никола Груевски, претставници на БЕТОН АД Скопје, кое би донело корист на партијата, на штета на фирмата или на државниот буџет, или некакви предвидувања за идна помош, како што не видовме ниту доказ и сведок за тоа дека и Кирил Божиновски го сторил тоа во комуникација со фирмата БЕТОН АД Скопје, истакна Горан Кркински, адвокат во завршните зборови на „Талир 2“.

Кркински додаде дека сопственикот на БЕТОН, Минчо Јорданов, кој беше и вицепремиер од СДСМ, кажа дека договорот за купување на земјиштето од ВМРО-ДПМНЕ е исплатливо за неговата фирма.

-Спротивно на ова сопственикот на БЕТОН АД Скопје Минчо Јорданов беше сведок на овој процес и ако имало било што незаконско во овој процес или било каква злоупотреба тој би требало да е оштетен. Но, тој изјави дека не е оштетен и дека немало нешто нерегуларно и дека работел исклучиво на договор за кој имал проценка дека е во корист на неговата компанија, нагласи Кркински.

Крикински укажа дека ако имало нешто незаконско тогаш Минчо Јорданов би требало да е обвинет, а не сведок.