Бродот „Евер Гивен“ кој плови под знамето на Панама го смени курсот во вторникот на тесниот дел од каналот за време на песочна бура. Бродот, долг 400 метри, беше на пат од Кина до Ротердам.

Шефот на управата на каналот Суец, Осама Рабае во саботата изјави дека силниот ветер и песочните бури не се единствените причини за бродоломот.

-Таков комплексен проблем вклучува неколку фактори. Може да има технички проблем или човечка грешка. Не можам да ја утврдам точната причина додека не заврши истрагата, рече Рабае.

Тој објасни дека огромната големина на бродот го отежнува неговото туркање назад во морето и дека целата акција е отежната од плимата и карпестото тло на кое се заглавувал бродот. Тој не можеше да каже кога можат да го поместат бродот и да дозволат други бродови да минуваат. Во моментов 320 бродови чекаат да поминат преку Суецкиот канал.

Рабае рече дека повторно ќе се обиде да го пресели бродот со помош на влечење, иако таа операција пред два дена не донесе резултат. Осум џиновски влекачи беа вклучени во обидот да се отстрани бродот.

Исто така, постои можност за отстранување на товарот од бродот за да се направи „полесен“ за транспортирање. Се проценува дека поради блокадата, стока во вредност од 9,6 милијарди долари е во мирување секој ден.