На тврдењата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Вељановски и неговото прашање да одговори како ќе постапи во врска со евентуален криминал во оваа јавна набавка, при што се споменува името на поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, премиерот Заев рече дека софтверот за сообраќајни прекршоци е регуларно набавен, преку јавна набавка, авторски права за него се во сопственост на Владата, а за тестирањето е известено Бирото за јавна безбедност

–  Рашковски има право да прави анализи за потребите и тие да ги доставува до министертвата за одредени дејности. При набавката не е прекршена ниту една постапка при јавната набавка и не констатиран судир на интереси, рече Заев.

Премиерот нагласи дека Владата работи транспарентно, дека софтверот е изработен од ФИНКИ и Ивонка груп ДООЛ Скопје, дека е уредно тестиран и предаден со изворен код. Нагласи дека е создаден за регистсрирање на сообраќајни прекршоци и дека е во функција за различни камери и дека според тоа не фаворизира ниеден софтвер.

– Станува збор за автоматизиран софтвер кој го елиминира човечкиот фактор при регистрирање на сообраќајни прекршпоци, тестиран е и е функционален и ќе биде ставен во употреба кога ќе се извршат соодветните синхронизации и усогласувања со законски и подзаконски акти. Јавно објавувам и барам до крај да се објават сите детали од страна на Обвинителството и Антикорупциската комисија, рече Заев.