Министерот за одбрана Владо Мисајловски истакна дека уставните измени не можат да бидат прифатени по секоја цена. Тој порача дека граѓаните јасно се спротивставуваат на рамката и предлозите што претходно беа прифатени од страна на СДСМ.
Мисајловски нагласи дека државните и националните позиции мора да останат цврсти и заштитени во сите меѓународни разговори. Според него, актуелната власт нема да отстапи од заштитата на достоинството на македонскиот народ и нема да подлегне под неразумни барања.
Не може по било која цена да ги прифатиме уставните измени, народот е против предлогот прифатен од СДСМ, вели Владо Мисајловски.
Тој потенцираше дека претходната влада прифаќала договори без да обезбеди соодветни гаранции за евроинтегративниот пат на земјата. Мисајловски подвлече дека мора да има јасна предвидливост и почитување на меѓународните стандарди без дополнителни билатерални условувања.
