Сандев кој одлучува во судски предменти кои се водат против сегашни или поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата побара да се утврди и дали истиот судија поротник како член на политичка партија, Партија на пензионери, односно партија која е коалиционен партнер на владејачката партија СДСМ, има судир на интереси при неговата работа.
– Во овој случај ДКСК не утврдил прекршување на одредбите за судир на интереси согласно законот за спречување на корупција и судир на интереси. ДКСК консттаира дека во законот за судовите и етичкиот кодекс на судиите и судиите поротници не постојат јасни и прецизни критериуми за избори и ограничување на судиите поротници. ДКСК укажува дека судијата поротник Митко Сандев во извршување на своите должности потребно е да постапи согласно начелото на интегритет и во вршење на своите обврски е должен да внимава на евентуален судир на интереси и не смее да се раководи од лични, семејни, верски, партиски и други интереси, изјави Катица Николовска, член на ДКСК.