Со насилното прекинување на правото на пратениците за процедуралните забелешки и со грубото прекршување и злоупотребата на Деловникот, владејачкото мнозинство денес уште еднаш во низата на случаи употреби Деловничко насилие и со тоа ги загрози темелните човекови права и слободи загарантирани со Уставот.
По речиси пет месеци од одржаната јавна расправа по предлогот на Министерството за образование и наука на Концептот за основно образование, Собранието сеуште ги нема усвоено Заклучоците од истата.
За владата предводена од СДСМ и за министерката Царовска гласот на академската и стручната јавност, се комплетно неважни, за нив единствено е важно насила да протуркаат реформа која е штетна, која е неуставна и која има за цел да ги вдоми партиските кадри, да спроведе комплетна партизација во образовниот систем и да инсталира надворешни нарачки за сметка на националните и државните интереси на македонските граѓани.
Реформите кои тие сакаат да ги прикажат како револуционерни и атрактивни се всушност гол популизам зад кој се кријат намерите за злоутреба на 21.5 милиони евра заем од Светска банка, пари кои ќе ги плаќаме сите вклучително и идните генерации, кои всушност ќе ја плаќаат сопствената национална и државна смрт.
Го повикуваме МОН да престане да врши терор врз неистомислениците и во исто време ги повикуваме сите медиуми и целокупната домашна јавност будно да ги следат случувањата на собраниската комисија за да се уверат во погореизнесените апели за однесувањето на владеачкото мнозинство и претседателката Лазаревска со опозицијата.
Собранието е на Македонија, а Македонија е на сите луѓе! вели таа.