Палевски заминал за Белград со подкаст-опрема, без медицински документи

Четири дена по убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, на 30 ноември 2023 година, првообвинетиот Љупчо Палевски заминал за Белград, носејќи само подкаст-опрема, но без никакви медицински документи, иако тврдеше дека оди на лекување поради проблеми со кичмата.

Палевски отишол во Белград дека го „боли половината“, но наместо медицинска документација имал цела опрема за подкаст!

На денешното судење, обвинителката Жаклина Јосифовска го праша Палевски зошто патувал без медицинска документација ако навистина одел по второ лекарско мислење. Палевски нервозно одговори дека имал „две цедиња во куферот“, кои, според него, обвинителството му ги „украло“.

Обид да се оправда за бегството

На прашање зошто не се вратил од Турција (Беликесир) откако видел дека медиумите објавиле потерница за него, Палевски изјави дека знаел оти е осомничен, но дека „ни полицијата, ни судот не знаеле каде е“. Тој тврди дека немал проблем со турската полиција, освен што еден инспектор му направил фотографија која потоа, преку Ватсап, била испратена до тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, а подоцна протечена до медиумите.

Обвинувања кон медиумите и обиди за префрлување на вината

Обвинителката Јосифовска се наврати на 22 ноември 2023 година, денот кога беше грабнат и убиен 74-годишниот Панче Жежовски. Таа укажа дека Палевски измислил средба со лице кое, според него, сега е „претепано“ поради истрагата. Палевски ја обвини медиумската изложеност за тоа што потенцијални сведоци не прифаќаат да сведочат.

Кешишев реагира од страна

Додека Палевски ја даваше својата одбрана, неговиот сообвинет Влатко Кешишев му шепотеше на адвокатот: „Нема врска ова“, сугерирајќи дека изјавите на Палевски се ирелевантни за суштината на случајот.