Лидерот на ВМРО‑ДПМНЕ и претседател на партијата, Христјан Мицкоски, вечерва на централниот митинг во Скопје повика гласачите да ги сфатат претстојните избори како одлука за иднината на државата. Тој порача дека изборите се „за тоа во каква држава сакаме да живееме“ и ги повика граѓаните да испратат јасна порака „до оние кои уриваат, наместо да градат“.
-Денес стојам скромно и исткрено пред вас како на почетокот од оваа моја улога и ви велам, нема да ве разочарам и заедно ќе победиме за децата на Македонија. Одиме заедно до победа, затоа што овие избори се одлука за тоа каква Макеонија ќе победи. Има и такви кои живеат од татковината и ние народот кои живееме за татковината, рече Мицкоски.
-Колку и да е една тесна мала клика која ги направи сите неморални коалиции и поврзувања е спремна за се само да дојде на власт, вечерва тие и сите нивни слуги кои сакаат Македонија да ја држат уценета и понижена го добиваат одговорот, а одговорот сте вие народот на Македонија, истакна лидерот на паријата.
-Немојте да се залажуваме дека оваа битка се само обични локални избори. Ова се избори за финалната битка за тоа кава држава сакаме, ова се избори за тоа кава порака испраќаме до сите оние кои уриваат, наместо да градат. Правеа претстава наместо да штитат, нив ги симнавме од власт, но сега треба да ги поразиме и да ги испратиме во пензија, порача Мицкоски.