Во Сплит едното девојче близначка се роди во старата, а другото во новата 2024 година, бидејќи првото девојче се роди минута пред полноќ, а нејзината сестра една минута по полноќ.
„Вечерва навистина имаше една необична ситуација, кога се родија близнаци како во песната на Џибони – на полноќ, еднoто малку порано, другoто подоцна. И ќе биде убава ситуација во тоа среќно семејство каде еден роденден ќе се слави со старата и еден со новата година. Каде што едната сестра ќе се роди во 2023 година, а другата во 2024 година“, изјави за ХРТ Дамир Рохе, раководител на Институтот за перинатологија.