Близначки во сплитското породилиште се родени во различни години – постарата е родена во последните минути од 2023 година, а помалата во првата минута од Новата година и е првото бебе родено во 2024 година во Хрватска, пренесува „Хина“.

Шефот на Одделот за перинатологија во КБЦ Сплит, Дамир Рохе изјави дека ова е необична ситуација во која девојчињата близначки ќе слават роденден во различни денови, месеци и години, наведувајќи дека се уште не доживеал таква ситуација во својата практика.

Тој е убеден дека е малку веројатно тој случај да се повтори.