Недостасуваат работници во неколку сектори

Градежништво, угостителство и производство. Директорката на Агенцијата за вработување, Весна Пешова инфомира дека во овие дејности најбарани се странски работници. На ваквиот недостиг, најбарани се работниците од странство, а тоа најчесто се луѓе од Непал, Индија, Пакистан. Уозот на работна сила иако во почетна фаза е веќе во неколку дејности. Тоа отвори прашања за причините и состојбите во македонското стопанство.

Македонија започна со увоз на работна сила

Неколку пати Непалците исчезнаа

Во текот на претходната недела група Непалци исчезнаа од Македонија. Тројцата Непалци кои работеле во хотел во Охрид, биле пријавени за исчезнати од сопственикот откако се оддалечиле од местото во кое престојувале и им се губи секаква трага.

Уште една група работници од Непал исчезнаа од Македонија. Тројца Непалци кои работеле во хотел во Охрид, биле пријавени за исчезнати од сопственикот откако се оддалечиле од местото во кое престојувале и им се губи секаква трага.

Шест Непалци исчезнале од своите работни места во Скопје

Во јуни седум лица од Непал, кои работеле за две скопски фирми, исчезнаа. Според МВР, на Непалците им се губи трагата речиси истовремено. Тогаш, петмина работници работеле во приватна фирма во општина еродром, а случајот во МВР го пријавил сопственикот на компанијата. Од МВР тогаш информираа дека има потрага по лицата. До сега неколку фирми низ Македонија пријавиле за ангажирани Непалци кои по одреден период работа во Македонија, не се појавиле на работните места.

5000 работници пристигнале во Македонија

Оваа места за увоз на работна сила беше овозможена по барање на стопаството поради недостигот на работна сила. Според информациите од почетокот на годината до сега околу 5000 странски државјани пристигнале во Македонија, но за жал поголема групата на наши млади кои заминуваат и се иселуваата од Македонија. Од агенцијата за вработување информираат дека активно се работи на младите да се задржат во Македонија.