Неговиот погодок ја одбележа 27-мата минута од натпреварот, прв на Македонија на ЕУРО 2020.
Пред него, во 18-та минута гол даде Стефан Лајнер.
Фудбалските херои одлично се покажуваат, играат со полно срце. Сила им даваат огромниот број на македонски навивачи кои пристигнаа во Букурешт да ги бодрат нашите фудбалери.
Пандев (37) стана втор највозрасен стрелец во историјата на Европските првенства. Пред него на листата е само австрискиот интернационалец Ивица Вастиќ, кој на дуелот против Полска во 2008 година имаше 38 години.