Македонскиот боксер Ален Рустемовски се пласираше во полуфиналето на Европското првенство во Софија и го постигна најголемиот резултат во својата досегашна кариера. Со овој успех тој обезбеди медал за себе и за македонскиот бокс.
Рустемовски во четвртфиналето го совлада ерменскиот претставник Артур Базејан со 4:1 на поени.
Македонскиот репрезентативец настапува во категоријата до 60 килограми. Во полуфиналната борба утре ќе се соочи со Аидер Абдураимов од Украина.
Полуфиналните борби на Европското првенство се закажани за четврток.
Рустемовски претходно освои бронзен медал и на Медитеранските игри во Таранто.
