Причините поради која многу болни од ковид умираат на механичка вентилација во македонските болници се повеќеслојни, а смртноста зависи и од едукација на медицинскиот кадар, бројот на персоналот, грижата на болниот и терапија која се дава, вели во интервју за порталот Локално д-р Наум Мојсоски, кој бил прв клинички имунолог на Балканот.

– Има земји како Германија, каде смртноста сега е под 20% на респиратор, а кај нас е преку 70%. Најчеста причина за смрт на механичка вентилација е ВАП (вентилатор асоцирана пнеумонија). Таа се случува 3% секој ден во првите 5 дена, 2% во следните 5 дена и 1% во следните денови. Се јавува во првите 48 часа од интубација. Микроорганизми во ВАП се јавуваат во првите 40 часа по интубацијата, а таа флора е од горните дишни патишта, по овој ран стадиум се јавуваат грам негативни бактерии. Важно е да се знае дека по 7 дена од интубацијата главни микроорганизам е стафилококус ауреус односно МРСА. Терапијата за ВАП е исклучиво емпириска и од таа терапија зависи исходот на болеста, смета д-р Мојсоски.

Само во неколку часа во петокот, во болницата „Осми Септември“ во петокот починале петмина болни, открива докторот.

-Кај механичка вентилација треба многу стручен персонал и голем број на медицински сестри само на тој начин ќе се намали смртноста кај оваа пандемија, да нагласам само 04.02.2022 година во петок на респиратор во 8-ми септември за неколку часа, изгубија живот петмина болни, вели тој.