Нови земјотреси во текот на денот се забележани на територијата на Србија.
Овој пат се тресеше на територијата на Ужице.
Според податоците на сеизмолошкиот завод, уште еден земјотрес е регистриран во Горњи Милановац, нешто по 11 часот.
Трет земјотрес со јачина од 2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Бор.
Земјотресите со ваков интензитет не можат да предизвикаат оштетувања на објектите во епицентралното подрачје.