Израелскиот премиер Нетанјаху го претстави повоениот план за Газа. По војната ќе го предаде на локалните кадри кои не се поврзани со Хамас да управуваат со службите во Појасот. Документот, е збир на принципите кои премиерот ги потенцира од почетокот на војната, но е првпат формално да бидат претставени на одобрување во кабинетот. Останува на ставот дека заложниците мора да се ослободат.
„Нема да се откажеме, ќе го постигнеме тоа, со воени средства-ако е потребно, или на политички начин-ако е можно. Во секој случај, ќе ја вратиме безбедноста“, изјави Бенјамин Нетанјаху – израелски премиер.
ООН ја истакнаа потребата од итно постигнување договор и ослободување на заложниците пред светиот месец Рамазан.
„Ако насилството во Газа не престане, тензиите и ограничувањата останат високи на западниот брег, вклучително и во источен Ерусалим, светиот месец рамазан ризикува да стане уште еден нестабилен маркер наместо време за размислување и исцелување“, изјави Тор Венесланд – специјален координатор на ООН за блискоисточниот мировен процес.
„Не може да има одржлив прекин на огнот во Газа без заложниците да бидат ослободени. Кажавме дека Израел не треба да продолжи со операција за која знаеме дека ќе создаде повеќе страдања и ќе ја влоши хуманитарната криза во отсуство на остварлив план за заштита цивили“, изјави Роберт Вуд – заменик-амбасадор на САД во Обединетите нации.
Белата куќа која испрати висок претставник во регионот, вели дека разговорите со израелските лидери се одвиваат добро. Позитивни сигнали пристигнуваат и од другата страна.
Во меѓувреме, борбите во Појасот продолжуваат. Регистрирани и нови напади на Хутите во Црвено море. Освен врз Израел, демонтираат сила и врз бродот што патува низ Аденскиот залив, повредено е едно лице. Американските ангажмани во Црвеното море се успешни и покрај нападите на Хутите-тврди Пентагон.