Нетфликс“ ги стопира сите телевизиски проекти поврзани со Русија поради нападот на Украина, пренесува „Варајети“, специјализиран портал за филм и за филмска индустрија.

Русија се соочува не само со економски санкции, туку и со бојкот од филмската и телевизиска индустрија.

Канскиот филмски фестивал во вторникот објави дека руските претставници нема да учествуваат на овогодинешниот фестивал доколку не заврши војната во Украина.

„Нетфликс“ сè уште размислува што да прави во врска со актуелните настани во источна Европа, со оглед на тоа што треба да произведе четири серии кои доаѓаат од Русија. Популарниот сервис за стриминг и натаму нема објавено официјален коментар, но според добро упатени извори, одлуката е веќе донесена.

Русија е една од 190-те земји каде што е достапен „Нетфликс“.