Силно невреме попладнево се развива северозападно од Куманово, каде има пороен дожд, засилен ветер, грмежи и покрупен град. За состојбата информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Според Ангелов, постои можност невремето да зафати и делови од Куманово.
Претходно, од Управата за хидрометеоролошки работи информираа дека попладнево на места времето било нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на денот дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Од УХМР најавија дека до крајот на денот ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во текот на ноќта се очекува стабилизација на временските услови.
