Невреме со пороен дожд и грмежи: Граѓаните да бидат внимателни, УХМР издаде метео аларм
Управата за хидрометеоролошки работи издаде метео аларм. Ќе има нестабилни временски услови кои ќе ја зафатат земјата во текот на денот и ноќта. Според најавите, се очекуваат локално поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме, проследени со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за изолирана појава на град.
Нестабилно време со дожд и грмежи го зафаќа регионот – Погледнете ја прогнозата
Од УХМР предупредуваат дека овие нестабилни временски услови може да предизвикаат проблеми, па граѓаните се апелираат да бидат внимателни, особено при движење на отворено и во сообраќај. Надлежните институции ја советуваат јавноста да ги следи сите препораки и предупредувања кои ќе бидат објавени.
УХМР ќе продолжи редовно да ја следи состојбата и навремено ќе информира за сите евентуални промени во временската прогноза.
Извор: Курир