Кратко невреме го зафати попладнево Скопје, проследено со дожд и силен ветер. Во одредени реони како што е Аеродром и Ново Лисиче снемало струја, а дел од семафорите не работат.

Во одредени делови на Скопје дел од улиците се поплавени, а поради паднати гранки од дрвја, на повеќе места има застој во сообраќајот.