Откако двокатен автобус во текот на вчерашниот ден се заби во жардиниера конечно позната е причината како дошло до инцидентот.
Се огласи возачот
Возачот Ферзи Арифи со солзи во очите вели дека постојано им даваат неисправни автобуси, па затоа се должи и ваквиот исход.
„Цел живот сум во ЈСП, тука и низ скопските улици ми побеле косата. На трасата од линијата 2 ја знам секоја дупка и не е можно да ми се случи вакво нешто. Воланот ми закочи, жал ми е патниците што мора да се возат во вакви неисправни автобуси“, рече Ферзи Арифи – возач на ЈСП Скопје.
Никој не ги санира дефектите во ЈСП?
Во ЈСП возачите редовно пријавуваат дефекти, но не се санираат туку пренаменуваат и се даваат на други возачи за различни сообраќајни линии. И од конфедерацијата на синдикати со став дека возачите имаат неисправни автобуси. Тие го обвинија раководството на ЈСП за инцидентот кај Мавровка поради нередовен сервис на автобусите.
Истиот автобус возел и на Водно?
Конкретниот автобус којшто вчера возеше со бројот „2“ бил пријавен за неисправен, а до пред само неколку дена возел и на Водно. Замислете што би се случило тогаш доколку имало ваков дефект, велат од синдикатот.
Директорот ги отфрли овие тврдења
Новиот директор на ЈСП Драги Кушовски ги отфрли ваквите тврдења. Тој вели дека ова се само шпекулации, па ги демантираше овие тврдења и потоа побара да приложат извештај ако навистина автобусот бил неисправен.
Повредена една жена
Во вчерашниот инцидент покрај возачот на 2-ка, беше повредена и една жена.
Ваквиот настан граѓаните го опишаа како „трагикомичен“, а дури имаше и сатирични коментари.