Ги поздравувам пратениците од опозицијата и останатите родољубиви и слободољубиви пратеници кои што одбија са присуствуваат на гласањето и со тоа го ускратија легитимитетот на оваа налудничава одлука.
-Јас не го признавам овој акт на македонското Собрание, преговарачката рамка не ме обврзува ни мене, а ни Македонија и немам намера да почитувам ниту една друга одлука на наметнатата, предавничка и одродена власт. Значи, нема никакви причини за малодушност.
Започнува будењето на Македонија по сите стравотии кои што нè снајдоа во изминатите пет години.
Борбата започнува со чистење на нашата сопствена куќа, а потоа одиме и да си му раскажеме нашата приказна на светот.
Исто така, нè наседнувајте веќе на домашните и меѓународни спектакли. Џабе им е глумата кога веќе не смее да прошетаат низ едно сокаче во Македонија и кога повеќе никогаш не ќе може да си го видат лицето и образот во огледало.
Ќе ечи македонскиот јазик низ Европа, но прво ќе грми низ Македонија!