Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки преку Фејсбук статус му се обрати на професорот Денко Малески.

Неговиот Фејсбук статус може да го прочитате во продолжение:

„Денко Малески, професоре, министре… Вие бевте тој што во деведесетите години на минатиот век кажувавте дека Македонија може да биде независна само преку Вас мртов, нели? Вие до смрт ќе ја браневте Југославија, која веќе беше распадната ама Вие професоре тоа не сакавте да го видите, или сум грешка?
Вие кажавте дека Гоце Делчев е Бугарин, или се лажам?
Вие кажавте дека и Крсте Петков Мисирков е Бугарин, или и за тоа се лажам?
Вие го советувавте, односно го наместивте и гостинот во вилата на Водно – Пендаровски да каже дека Гоце Делчев е Бугарин, или и за тоа се лажам?
Професоре, министре, Вие сте најдобар доказ за тоа како за соодветна сума на пари, човек еволуира во ставовите и како тоа од најдобар Југословен се станува најпосакуван Бугарин.
Значи, ќе бидете се’ само не Македонец. Се срамите ли да бидете Македонец?
Професоре, министре Малески, цел живот сте на државна плата, државата ве плаќала, сте бил прв човек на надворешната политика. Вие сте еден од тие што е директно одговорен што сме на ова дереџе.
Уживате во староста со парите што ги земате од тие кои ги негирате.
Совет до Вас:
Ако не сте способни, не правете штета и оставете ги Македонците да се изборат за своите права.
*И не ме споменувајте веќе во Ваши текстови, најдете си некоја интелектуална величина на Ваше ниво со кого ќе дебатирате аргументирано. Јас немам ниту време ниту желба да разговарам со сенилен старец чие време поминало.
Сепак, имајте малку почит кон тие што се борат да се спроведат законите и оваа криминално-предавничка банда да одговара и да заврши во затвор.
Ако мислите дека кога ќе дојдеме на власт, дека не треба да ги спроведуваме законите, тогаш така напишете и изјаснете се.
Можеби треба на предавниците да им дадеме медали?
Најдлабоко Ви се извинувам што сум Ве вознемирил додека сте гледале седница од Парламентот на која вашите комуњари уринираа врз гробот на Вашиот татко што ја напиша македонската химна.
Професоре, министре, ние живееме во различни светови.
Македонија ќе ги издржи и најупорните како Вас и ќе победи!“